Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Повредено лице со нож во расправија и тепачка пред кафеана во Гостивар

Едно лице било повредено, а две лица завршиле во Полициска станица во инцидент што се случил ноќеска околу 3.50 часот пред кафеана во Гостивар.

Како што соопшти СВР Тетово, во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во Трговски центар на улица „Илинденска“ во Гостивар, во угостителски објект во сопственост на 53 годишник, дошол жител на Дебреше на возраст од 28 години, заедно со уште едно непознато лице, а кој во еден момент скршил шише, по што сопственикот на кафеаната и друго лице – 49 годишно, побарале истиот да го напушти објектот.

По краток временски период, според пријавеното, дебрешанецот се вратил и пред угостителскиот објект почнала расправија и физичка пресметка, при што му била нанесена повреда со остар предмет. Сопственикот на локалот и 49 годишникот, двајцата од Гостивар биле лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести полицијата.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно