Гостивар
Беше судија и адвокат во Гостивар, стана министер, од денес е прв човек на Врховен суд
Судијата Фаик Арслани денес беше избран за в.д претседател на Врховниот суд на Македонија. Судскиот совет го постави Арслани на раководната позиција, откако го разреши Јово Вангеловски, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.
Фаик Арслани е роден во 1959 година во селото Добридол. Студии завршил на Правниот факултет во Нови Сад, во рамки на тогашна Југославија.
Во неговата биографија е наведено дека од 1984 до 1988 бил вработен во ОЈО – Гостивар, по што бил претседател на Општинскиот суд за прекршоци – Гостивар.
Од 1996 година до 2001 година бил судија при Основниот суд Гостивар. Во следните две години е назначен за министер за локална самоуправа, а потоа до 2008 година работел како адвокат во Гостивар. Од 2008 година Арслани е член на Советот на јавните обвинители на РМ избран со одлука на Собранието. Од септември, две години подоцна работи како судија на Врховниот суд на Македонија.
Во 2009 година на правниот факултет во Приштина, се стекнал со диплома за постдипломски судии и титула м-р по правни –управни науки.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот