Гостивар
Гостивар добива 150.000 денари за активности од Акциски план за Ромите
Гостивар е една од шеснаесетте општини во земјава, кои ќе добијат по 150.130 денари државни пари, за имплементација на Стратегијата за Ромите. Претставници на општините и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, вчера ги потпишаа договорите за распределба на средствата од буџетот за овааа намена. На настанот присуствуваше и министерот без ресор Музафер Бајрам, надлежен за имплементација на Стратегијата за Ромите.
„Предвидени се вкупно 3 милиони денари за 16 општини и истите ќе се распределат во еднаков дел од по 150.130 денари. Средства ќе добијат општините: Шуто Оризари, Прилеп, Куманово, Чаир, Битола, Тетово, Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Виница, Дебар, Велес, Делчево, Берово и Пехчево. Останатиот дел во износ од 597.920 денари ќе се распредели по бројот на Ромите по општини.“, информираат од Министерството за локална самоуправа.
Министерот Милевски изрази задоволство за активностите кои им претстојат на општините, за кои претходно доставиле Акциски планови, им посака успех и што поскоро да започнат со реализација.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот