Рецепти
Ролат со ајвар…сезона му е!
Периодов во најголемиот дел од семејствата се подготвуваат зимници, меѓу кои секако неизбежен е и ајварот-специјалитет на балканската кујна. Теглите оставете ги за назима, но искористете прилика и со малку од ајварот подгответе еден интересен деликатес: ролат со ајвар и сирење.
Состојки:
5 големи лажици ајвар
5 големи лажици брашно
5 јајца
200 гр. сирење
мал филџан павлака + 3 лажици за филот
100 гр. пилешки гради
Прашок за пециво
Масло, сол
2 суви везени пиперки
Подготовка:
Тесто: Најпрво скршете ги јајцата и одвојте ги жолчките од белките, а потоа со белките измиксирајте цврста пена. Додека ги матите жолчките, додавајте ја павлаката. Откако убаво ќе измиксирате, во смесата додајте го брашното и печивото, посолете и ставете ги ајварот и маслото. Потоа, додадете ја цврстата пена од белки и промешајте. На тава за печење ставете хартија и распоредете ја смесата рамномерно. Печете 10 минути во загреана рерна на 180 степени. Печеното тесто ставете го во влажна крпа, свиткајте го во ролат и оставете да се олади.
Фил: Измешајте 3 лажици павлака со исецканите суви пиперки, сирењето и ренданите пилешки гради. Изладеното тесто премачкајте го со филот и повторно превиткајте го во ролат. Исечете на парчиња и сервирајте.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот