Поврзи се со нас

Гостивар

Грипот чукна на врата, регистрирани се првите заболени во Гостивар сезонава

Објавено

на

На подрачјето на Гостивар регистрирани се првите заразени лица со грип, оваа сезона. Есенските месеци и вообичаено се периодот кога вирусот се појавува кај граѓаните, а според досегашното искуство, помасовно ширење се очекува назима.

„До нас од една Амбуланта пристигнаа првите пријави за заболени од грип. Се работи за шест лица, од кои четири спаѓаат во возрасната група од 15 до 64 години и два пациенти над 65 годишна возраст“, информираше примариус доктор Војислав Огњаноски од епидемиолошкото одделение во Гостивар.

Кај матичните лекари низ Гостивар периодов има и зголемен број на пациенти со разни настинки, вирози и инфекции на горните регсираторни органи. Лекарите предупредуваат дека не секоја таква состојба значи грип и советуваат граѓаните да не земаат антибиотици и други лекови без да побараат медицинска помош.

Општо за заштита од вирусот препорачуваат зголемено ниво на лична хигиена, внес на витамини, повеќе овошје и зеленчук, како и големи количини на течности, чаеви, природни сокови и слично. Исто така, да се избегнува собирање и престој во простории со гужва, а особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се заболни, кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура.

Вакцинацијата против грип се` уште не е започната.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 9 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Занимливостипред 12 часа

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Гостиварпред 14 часа

Во ОВР Гостивар пријавен напад од основец врз соученик во двор на училиште

Гостиварпред 15 часа

На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

Избори 2024пред 16 часа

ДИК прифати 6 приговори во Петтата изборна единица и еден во Шестата

Македонијапред 17 часа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени

Гостиварпред 18 часа

Две лица нападнати од кучиња скитници во Гостивар

Македонијапред 19 часа

Граѓаните за онлајн шопинг лани потрошиле 573,4 милиони евра

Технологијапред 19 часа

Надграден ChatGPT-Побрз, зборлест, па дури и флертува, ама се‘ уште греши

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена