Вести
Третина од децата имаа искривен `рбет
Една третина од децата на училишна возраст имаат проблеми со искривување на `рбетниот столб. Ортопедите во Гостивар предупредуваат дека учениците носат претешки ранци, не спортуваат доволно и не го држат правилно телото додека пишуваат. Ризик за деформитети претставува и долгото седење пред компјутер.
„Последниве години родителите многу реагираат на тоа, укажувајќи дека децата носат премногу книги, учебници, прибори и слично. Чантите кои неретко тежат и до 8 килограми се преголем и опасен товар за детскиот грб. Постои правило дека ранецот треба да се носи така што тежината мора да биде поставена во долниот, слабинскиот дел од грбот“, објаснува д-р Голубе Јаневски, ортопед во општа болница во Гостивар
Искуството на ортопедите со школската популација покажува дека најголемиот дел од децата не го држат правилно телото кога пишуваат ниту во училишните клупи, ниту пак дома. Се наведнуваат и се доближуваат премногу блиску до тетратките, што освен за `рбетот е опасно и за видот. Правилно држење на телото при пишување и читање на столче значи одалеченост на очите од учебникот од околу 40-тина сантиметри.
Искривувањата на `рбетниот столб кај учениците најчесто се откриваат при задолжителните систематски прегледи. Лекарите имаат и значителен број примери кога родители на своја рака ги носат децата на преглед затоа што се сомневаат на проблем. Раното откривање дава можност деформитетот навреме да се корегира.
Одредени истражувања покажале дека деформитетите на `рбетниот столб се двапати почести кај девојчиња отколку кај машките.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот