Гостивар
Шест намирници кои се добри за вашиот мозок и меморија
Храната богата со соединенија како што се антиоксиданти и омега-3 масните киселини, може да има позитивен ефект врз здравјето на вашиот мозок и да ја подобрат меморијата.
Погледнете кои 6 намирници, кои според различни испитувања ќе ви помогнат да ја подобрите меморијата и когнитивните функции.
Спанаќ
Овој лиснат зеленчук полн е со витамини Ц и Е, кои помагаат за подобрување на когнитивната функција.
Кафе и чај
Тие нè одржуваат будни наутро, но тоа не е сè што прават за нас. Кафето спречува Алцхајмерова болест, додека чајот ја подобрува нашата меморија и брзината со која обработуваме информации.
Риба
Испитувањата покажуваат дека вклучувањето риба (кое е богато со омега-3 масни киселини) во редовната исхраната може да го спречи падот на когнитивниот капацитет кој се намалува како старееме. Рибата е исто така богата со витамин Б12, кој помага во борбата против Алцхајмеровата болест.
Капини
Преполни се со витамини, доколку ако сакате да ја подобрите вашата меморија ова е вистинскиот лек. Овошјето како што се капини и малини, изобилуваат со антиоксиданти, го намалуваат нивото на стрес во клетките кои се поврзани со стареењето и генерално ја подобруваат когнитивната функција на мозокот.
Моркови
Морковите одамна се познати како храна која е добра за очите, исто така одлична е и за мозокот. Содржи високо ниво на лутеолин, кој според некои студии, може да помогне да се запре губењето на меморијата што се јавува со годините. Маслиновото масло, пиперките и целерот се исто така полни со лутеолин.
Ореви
Оревите дури и со нивниот изглед, потсетуваат на мозокот и содржат високи ниво на антиоксиданти кои им помагаат на мозочните клетки да се борат со слободните радикали.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот