Поврзи се со нас

Гостивар

Конференција во Гостивар: Како до работно место за Ромите и Ромките?

Објавено

на

Создавање услови за преквалификација на Ромите, мерки за дооформување на образованието, воведување на квоти за Роми во активните мерки за вработување, олеснувања за компаниите кои ќе вработат Роми. Ова се дел од препораките коишто произлегоа од анализата во рамки на проектот „Подобрување на вклученоста на Роми во пазарот на труд со акцент на жената Ромка“, што невладината Месечина го спроведуваше изминатите осум месеци на подрачјето на Гостивар.

Активностите, резултатите и препораките денес беа презентирани на завршна конференција.

„Кога зборуваме за работа и Роми, дозволете да потенцирам дека за жал нема добри показатели со кои заедницата на Роми може да се пофали и да очекува брз развој. Од 1991 година до денес, процентот на невработеност на Роми споредено со припадниците на другите етнички заедници во Република Северна Македонија, не е помал од 70%. Ова само по себе кажува дека економски најслаба е заедницата на Роми. За споредба пак со корисниците на парична социјална помош, процентот на Роми е најголем.“, нагласи Мухамед Точи, од ХДЗР Месечина.

Во финансирање на проектот учествува и Општина Гостивар.

„За нас како локална власт ваквите проекти се посебно важни, затоа што знаеме дека вклученоста на Ромите во институциите на системот е многу. Ние се залагаме за што поголема вклучненост и ќе ги поддржиме сите активности кои водат кон такви цели“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Во склоп на проектот биле спроведени обуки за ромската популација со цел стекнување на вештини за вработување, за фризерки, административни работници, медицински сестри и друго.

„Со обуките беа опфатени 40 Роми и Ромки и тоа е навистина позитивен резултат, затоа што тие ги подобрија своите квалификации со што се зголемуваат нивните шанси да се вработат. Исто така, дел од практикантите кои преку проектот ги ангажиравме останаа во работен однос во фирмите“, рече Шпреса Бајрами, координатор.

Проектот е дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, финансирана од ЕУ, спроведувана од УНДП.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Занимливостипред 21 минута

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Гостиварпред 2 часа

Во ОВР Гостивар пријавен напад од основец врз соученик во двор на училиште

Гостиварпред 4 часа

На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

Избори 2024пред 5 часа

ДИК прифати 6 приговори во Петтата изборна единица и еден во Шестата

Македонијапред 5 часа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени

Гостиварпред 7 часа

Две лица нападнати од кучиња скитници во Гостивар

Македонијапред 7 часа

Граѓаните за онлајн шопинг лани потрошиле 573,4 милиони евра

Технологијапред 8 часа

Надграден ChatGPT-Побрз, зборлест, па дури и флертува, ама се‘ уште греши

Занимливостипред 9 часа

Зошто Холанѓаните се едни од најсреќните луѓе во светот?

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена