Некатегоризирано
Русија суспендирана четири години од олимписките и светските првенства
Русија доби забрана да учествува на Олимпијада, Параолимпијада и Зимски игри следните четири години поради скандалот со допинг, одлучи вчера Светската антидопинг агенција.
Портпаролот на ВАДА, Џејмс Фицџералд, нагласи дека на овој состанок со мнозинство гласови се прифатени препораките за суспендирање на Русија од големите спортски организации на глобално ниво. Тој рече дека Управниот одбор донел одлука за суспендирање на Русија за четири години од олимписките и светските турнири со образложение дека не ги почитувала правилата за допинг.
Според оваа одлука, националната химна на Русија, како и руското знаме, нема да бидат дел од Олимписките игри во 2020 година во Токио и од Светското првенство на ФИФА во 2022 година.
Сепак, руските натпреварувачи и нивните тренери ќе може да настапуваат независно, доколку не покажат позитивни резултати на допинг тестовите или доколку се покаже дека резултатите од нивните тестирања не биле манипулирани. Во таков случај ќе се натреваруваат под олимписко знаме.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот