Поврзи се со нас

Гостивар

Несекојдневен и интересен настан за децата со посебни потреби во Гостивар

Објавено

на

Децата со посебни потреби денес имаа можност да се дружат со службеници од полицијата, пожарникарите и итната медицинска помош и да се повозат низ Гостивар со специјалните возила на овие служби. Овој несекојдневен и интересен настан го организираше Здружението „Заедно можеме“, како проект преку кој треба да се алармираат јавноста и институциите за создавање соодветни услови за лицата со попречености.

„Прошетката на децата со возила со првенство на минување, со вклучен аларм се одвиваше од низ главните градски улици. Целта на проектот е подигнување на свеста на граѓаните и упатување на порака до државните иснтитуции за поголемо залагање и донесување на позитивни закони за создавање на подобри услови за лицата со посебни потреби, со посебен акцент на децата, и нивна социјална инклузија. Идејата, да спроведене токму еден ваков проект ни ја даде наш пријател Агим Мустафаи, по примерот на скандинавските земји“, изјави престедателот на Здружението, Шпенди Салија.

Големо задоволство од активноста изразија и родителите, а дечињата својата благодарност и радост ја искажаа со пораки за љубов и почитување, кои ги делеа на минувачите на плоштадот.

По завршувањето на прошетката со возилата на полицијата, противпожарната единица и итната помош, на децата им беа поделени новогодишни пакетчиња , обезбедени преку донации од повеќе фирми.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 10 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 12 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 17 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 18 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 19 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 21 час

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 22 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 2 дена

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена