Занимливости
Москва без снег во декември за прв пат по 133 години, цветаат билки како во пролет
Невообичаено топлото време со температури над нулата во декември, ги изненади жителите на Москва, кои во чудење се прашуваат каде исчезна зимата. Ова е прв пат, после 133 години во руската престолнина месецот декември да поминува без снег. Последен пат вакво топло време било забележано во 1886 година.
Вообичаената температура на воздухот во Москва, околу 20 декември изнесува минус 6,2 степени целзиусови. Вообичаено московските зими се долги и многу студени, а улиците побелени од снег.
Метеоролозите сметаат дека годинешната ненормална топлина пристигнала со атмосферскиот фронт од Атлантикот. За Нова година се очекува да врне дожд, а не снег. .
Високата температура не ги изненади само луѓето, туку и растенијата. Топлото време ги измами билките кои рано расцутија, како да е пролет. Во ботаничката градина на московскиот Универзитет расцветаа кокичиња и рози.
фото:Максим Денисов
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница