Поврзи се со нас

Занимливости

Со велосипед на училиште на -17 степени

Објавено

на

Најголемиот дел од луѓето коишто возат велосипеди, кога настапува зима и студено време ги складираат во подрумите и не ги користат до напролет. Но, во градот Оулу во Финска немаат таков обичај. Нивните велосипеди не знаат за зимски сон. Жителите едноставно докажуваат дека не мора да се бега во автомобилот, при првиот снег. Иако, таму температурите паѓаат длабокот под нулата, велосипедите постојано се возат. Овој град, кој има соодветна инфраструктура и урбанистичко планирање е пример на активен велосипедизам во текот на целата година.

 

Пека Тахкола е фински инженер, координатор за велосипедизам и потпретсетадел на Зимска велосипедска федерација. Неговата анкета, со која опфатил 1.200 ученици во Оулу, покажала дека дури 1.000 речиси секојдневно на училиште одат со велосипеди, дури и кога има снег, а температурите се екстремно ниски. За родителите од другите делови на светот, ова можеби делува чудно, но за Финците е сосема нормално, особено ако се има предвид дека во овој град снег врне од ноември до април.

„Инфраструктурата е уредена одлично и нема никакви пречки да се возат велосипедите во било какви временски услови.“, вели Тахкола.

Фотографиите од двор на едно основно училиште полно со велосипеди, ги направил на температура од -17 степени.

фото: Пека Тахкола
Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена