Гостивар
Отворено лизгалиштето на мраз во Гостивар, лизгањето е бесплатно
Во Гостивар денес беше пуштено во употреба лизгалиштето на мраз, на коешто гостиварци ќе може да се рекреираат се` до месец март. Лизгалиштето е монтирано кај паркинг просторот до спортската сала, обезбедени се лизгалки, а користењето ќе биде бесплатно.
Отворањето на лизгалиштето го официјализираа заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт Измит Нура и градоначалникот Арбен Таравари.
„Лизгалиштето е еден навистина добар проект. Би се заблагодарил на Агенцијата за спорт и млади, кои се една од ретките институции во државата која посветува внимание на нашата општина. Ова е втор проект на Владата во Гостивар, која е единствена урбана опозициска општина во Македонија и јас се надевам дека во иднина нема да бидеме црна овца во државата и дека и тука ќе има и други проекти, затоа што и граѓаните на Гостивар плаќаат даноци како и другите граѓани и заслужуваат проекти. Ние како општина го поддржавме овој проект, логистички и со обезбедување на негово одржување“, изјави градоначалникот, кој на прашањето дали тој лично ќе застане на лизгалки и ќе го користи лизгалиштето одговори: „Јас имам проблеми со коленото, ете не скијам веќе десет години, се плашам и да лизгам, затоа што веројатно наскоро ќе треба да имам и оперативен зафат, но секако на лизгалиштето ќе уживаат моите деца и сите други деца во Гостивар“.
Првиот ден од пуштањето во употреба, лизгалиштето во Гостивар го исполнија дечиња од сите возрасти. Некои, прв пат облекоа лизгалки и учеа да лизгаат со помош на родителите, но имаше и повешти кои веќе знаеа и умееја како да се движат и уживаат на замрзнатата површина.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот