Вести
Што се коронавируси, како се шират и кои се мерки на заштита?
Светската здравствена организација во среда ќе одржи вонреден состанок на кој ќе се дискутира дали треба да прогласи меѓународна вонредна состојба поради појавата на новиот корона вирус во Кина, кој однесе четири човечки животи.
„Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се движат од обична настинка до потешки заболувања,како што се Блискоисточен респираторен синдром(MERS-CoV) и Тежок акутен респираторен синдром (SARS-CoV). “Нов коронавирус” е нов вид на коронавирус што претходно не бил идентификуван кај луѓето.
На 31 декември 2019 година Кинеските здравствени власти го известија СЗО за појава на кластер на пневмонии со непознат причинител во Вухан, Кина. На 9-ти јануари 2020 година, веќе беше идентификуван нов коронавирус (nCoV), за кој после истражувањата за генетско секвенционирање утврдено е дека припаѓа на родот бета-корона вируси. Коронавирусите се зоонози, што значи дека тие се пренесуваат помеѓу животните и луѓето. Деталните истражувања откриле дека кај луѓето инфекциите со SARS-CoV се пренесуваат од некои видови на мачки, а MERS-CoV од двогрби камили. Неколку познати коронавируси кружат меѓу животните, но сè уште не се детектирани кај луѓето. Како што се подобрува надзорот над заразните заболувања низ целиот свет, веројатно ќе бидат идентификувани се повеќе коронавируси. Некои коронавируси
можат да се пренесат од човек на човек, обично по близок контакт со заразен пациент, на пример, на работно место,во семејството или во болница.
Вообичаените знаци на инфекција вклучуваат респираторни симптоми-треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Во потешките случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт. Не постои специфичен третман за заболување предизвикано од нов коронавирус, слично како за најголем број од вирусите.Сепак, многу од симптомите можат да бидат третирани и затоа третманот треба да е врз основа на клиничката состојба на пациентот. Покрај тоа, адекватната нега на заболените лица може да биде многу ефикасна.Стандардните препораки за спречување на ширење на инфекцијата вклучуваат редовно миење на рацете, покривање устата и носот при кашлање и кивање, темелно готвење на месо и јајца,избегнување близок контакт со секој што покажува симптоми на респираторно заболување, како што се кашлање и кивање. Бидејќи здравствените работници доаѓаат во контакт со пациенти почесто отколку што е тоа случај со општата популација, СЗО препорачува здравствените работници постојано и доследно да применуваат соодветни мерки за превенција и контрола на инфекција.“
извор: Институт за јавно здравје
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот