Гостиарски
Вработените во Трио стакло Гостивар: Од срце им благодариме на Леон и Нове, тие се редок пример на грижа за работниците
Гостиварската компанија Трио стакло е навистина редок пример во денешниот бизнис свет по искажувањето почит и исклучителниот добар однос кон вработените. „Ние функционираме како едно големо среќно семејство, кадешто владее позитивна енергија, има почит и разбирање. Нашите газди се луѓе кои знаат и умеат максимално да ги ценат нашиот труд и посветеноста“, велат вработените.
Вработените ја контактираа нашата редакција со барање јавно да се заблагодарат за односот на сопствениците на фирмата и се` она што низ годините го имаат направено за да им го разубават секојдневието и животот.
„Сакаме да упатиме огромна благодарност до сопствениците Леон Василески и Нове Петрески. Тоа се прекрасни личности какви што ретко се среќаваат во денешно време. Не само што делот на платите секогаш е редовен и коректен, туку добиваме многу повеќе. Ни плаќаат и одмори, екскузрии, викенди за нас и нашите семејства. До сме биле на многу места на трошок на компанијата како: Турција, Грција, Египет, Бугарија, крстарења и други дестинации. Знаат пријатно да не изненадат со подароци, па така од нив сме добивале добра спортска опрема, како патики, тренерки и слично. Најважно од се` е што меѓу нас постои еден другарски однос, и сето тоа не` мотивира како работници уште повеќе да се посветуваме на работата. Им благодариме од срце“, велат Дејан, Деан, Владимир, Даниел, Зоран, Деан, Леон, Стефан и Саве вработени во компанијата која годинава ќе слави 20-години постоење.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот