Гостиарски
Анди Исмаили: Кога танцувам се чувствувам свој и слободен!
Вонсерискиот талент, љубовта кон танцувањето, напорните тренинзи и трудот му донесоа големи успеси на малиот Анди Исмаили од Гостивар. За само две години, откако почна да се занимава со модерен танц, има освоено многу награди, признанија и медали. Круната дојде во 2019-та, кога шестоодделенецот стана светски шампион во современ танц, на светското првенство кое се одржа во Полска.
За Анди, уште на прв поглед ќе ви стане јасно дека не знае да запира и веднаш ќе ве освои со позитивната енергија, разиграноста и ведриот дух.
„Кога танцувам, се чувствувам свој и слободен, тоа ми е најубавото нешто во животот што многу ме исполнува. Во новата година имам желба повторно да бидам светски првак и европски шампион“, вели танчерот.
Љубовта и желбата за танцување дошле спонтано, но успехот е резултат на секојдневното вежбање и надградување, за кои Анди има голема поддршка од своето семејство.
„Сето тоа се случи спонтано, пред две години кога неговите тренери Вулнет и Сарита забележаа дека има голем талент и танцува со многу љубов. Секојдневно вежба и во студиото и дома, каде исто така направивме услови за вежбање. Едноставно, тоа е нешто во кое најмногу се наоѓа и ужива со целото срце. Секако, не го заборава ни училиштето, одличен ученик е и си ги завршува школските обврски.“, ни откри неговиот татко Фатон.
Талентираниот гостиварец, титулата светски шампион лани ја освои со кореографија на Андријана Петковски, а негови тренери се Вулнет Незири и Сарита Селмани од танцовото студио „I dance”.
„Уште при првата средба и танцови чекори забележав дека Анди е нешто посебно, има длабока уметничка душа. Може да кажам дека секогаш дава максимум од себе, а не престанува да ја крева границата на можностите. Кога игра, целосно се внесува и големо задоволство е да се работи со него“, рече Селмани.
Успесите се големи, но целиот финансиски товар за учеството и подготовките за ланското светско првенство паднал врз грб на семејството. Тие се надеваат на поголема поддршка од институциите и обезбедување на финансии за натамошните натпреварувања.
За своите успеси малиот гостиварец неодамна доби признание од Општина Гостивар.
За Анди секој ден продолжува да биде исполнет со танцување и совладување на нови чекори и кореографии. Му посакуваме уште многу титули во светот на танцот и да му се исполнат новогодишните желби.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија