Што, како, каде?!
КРЕАТИВНО – ПСИХОЛОШКИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА во Гостивар
„ПОВЕЌЕ ОД ИГРА“
„Детството е татко на човекот“
Почитувани родители,
Детската игра каква што беше пред 20 години е незаменлива во развојот на детето, таквите игри правеа се што е важно за децата, односно ги спремаа за живот.
„Пред вас е можноста да ги поттикнете вашите деца да во што поголема мера да го достигнат својот биолошки потенцијал. Најважен период за развојот на мозокот и интелектуалните способности е до 12 година, а посебно првите неколку години од животот“, вели оснивачот на едукативната работилница Слаѓана Анѓелкоска, доктор по психолошки науки.
Во Гостивар започнува со работа Психолошко-едукативната работилница „Повеќе од игра“.
Оттрнете ги децата од модерните интернет игри, вратете ги игрите со кои се поттикнува развојот на нивната интелигенција. Психолошко-едукативната програма „Повеќе од игра“ поаѓа од тоа дека секое дете во себе има вроден потенцијал кој настојуваме да го препознаеме, а потоа да го развиеме.
Користиме сликички, картички, игри со кои го развиваме функционалното знаење. Поттикнуваме експериментирање и смислување на нови класификации. Задачите и активностите придонесуваат за развој на креативното мислење кај децата и го стимулираат развојот на интелигенцијата низ игра, бидејќи играта е внатрешната потреба на детето.
Низ игри и креативни активности придонесуваме за:
- Подигнување на нивото на интелектуалните способности кај децата,
- Зголемување на концентрација и внимание кај децата,
- Развој на координација на движењата и моториката,
- Рано откривање на надареноста кај детето,
- Развивање на брзината на размислување, поврзување и заклучување
На работилниците детето се смее, игра, може да стане, да зборува, да предлага свои идеи, ги охрабруваме со меѓусебно слушање и почитување, поврзување и слободно изнесување на нови идеи.
Програмата се реализира во неколу фази:
- Фаза РАЗВОЈ НА СИНАПСИ – Вежби за моторика, графомоторика и акомоција на очите.
- Фаза РАЗВОЈ НА ФИНАТА МОТОРИКА
- Фаза СТИМУЛАЦИЈА НА РАЗВОЈ НА МИСЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ
- Фаза АСОЦИЈАЦИЈА И АНАЛОГИЈА
- Фаза ФУНКЦИОНАЛНО РАЗМИСЛУВАЊЕ
Сите вежби се прилагодени на возраста на детето и неговите можности.
Место на одржување: Отворен Граѓански Универзитет за Доживотно Учење – Гостивар
Динамика на работа: Двапати во неделата по 60 минути.
Цена: 1.000,00 денари месечно, попуст за две деца од едно семејство 800 денари за дете.
Уписите се во тек!!!
Повеќе информации на: 078/263 078 и as.anima@hotmail.com
(комерцијална објава)
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот