Поврзи се со нас

Гостивар

СВР Тетово: Земјоделците да не ги палат стрништата и сувата вегетација

Објавено

на

Во поширокиот Полошки регион веќе започнаа првите подготовки за претстојната пролетна сеидба, поради што од скоро се чуствува и зголемена раздвиженост на нивите, на кои  интензивно се чистат отпадоците. При тоа, поединци ги палат стрништата и сувата вегетација ( трева, жбунови и слично ), најчесто без нивна непосредна контрола.

Токму затоа, Секторот за внатрешни работи Тетово  апелира до земјоделците, но и до сите други да бидат крајно внимателни ако се движат или работат во полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, особено ако времето е ветровито, но и најдиректно влијаат на аерозагадувањето.

Зашто, во спротивно ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци, со потсетување дека за предизвикување  пожар, намерно или од невнимание, предвидени се затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

Секторот за внатрешни работи Тетово презема координирани превентивно-контролни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а во наредниот период тие уште повеќе ќе бидат засилени.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена