Поврзи се со нас

Гостивар

Совет Гостивар: Усвоени извештаи за буџет, пари за спорт, одлуки за легализација…

Објавено

на

Општина Гостивар бележи рекордни показатели на реализација на буџетот за 2019-та година, а ваквиот тренд продолжува и во првите месеци од оваа година, потенцираа од Секторот за финансии и буџет на денешната седница на општинскиот Совет. На седницата се разгледуваа и усвоија неколку точки врзани со буџетските прашања: кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општината и годишната сметка за лани, како и прераспределба на средствата во Буџетот за 2020 година.

„Минатата година била најуспешна во историјата на Општина Гостивар во однос на реализација на буџетот. Јас 27 години давам образложение на буџетот и никогаш не сме имале таква реализација. Ако ги земеме приходите и расходите тоа е 98,2% реализација, но ако го пресметаме и салдото од 40 милиони денари за пренос во 2020-та, стигнува до 102,1% реализација.“, објасни Садри Елези, раководител на Секторот за финансии.

Во своето обраќање пред Советот градоначалникот Арбен Таравари, нагласи дека позитивните резултати најдобро се гледаат во растот на капиталните инвестиции и падот на трошоците.

Во однос на наплатата на даноци беше речено дека има напредок, а буџетарите се надеваат дека граѓаните и фирмите ќе си ги исполнат данчните обврски кон општината.

На денешната седница на Советот на Општина Гостивар беа усвоени одлуки за доделување финансиски средства за спорт. Првично на дневен ред беа поддршката за ФК „Генч Калемлер“ од  Долна Бањица, ФК „Трабзонспор“ од Горна Бањица и Карате клубот „Асиарт“. На предлог на советничката група на СДСМ, се додаде одлука за поддршка на ФК „Пролетер“ од Тумчевиште, а на предлот на Алијанса за Албанците, за РК „Јехона“.

Исто така, беа донесени и повеќе одлуки кои опфаќаат легализација на бесправно изградени објекти и други прашања од урбанизмот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена