Гостивар
Салт Бае: 7 работи кои не сте ги знаеле за турскиот крал на месото и солта

Салт Бае и неговиот необичен стил на солење на месо беше вирален хит во јануари 2017 година. Благодарение на видеото, турскиот месар и готвач стана планетарно популарен преку ноќ, а многу познати личности почнаа да ги посетуваат неговите ресторани и да носат маици со неговата фигура, како знак на поддршка.
Но, што навистина знаете за оваа индивидуа?
1. Тој бил „присилен“ да стане месар
Салт Бае или со неговото вистинско име Нусрет Гoкче е роден во сиромашно семејство во Ерзурум во 1983 година. Поради недостиг на пари, тој бил принуден да го напушти училиштето и на 14-годишна возраст започне да го проучува месарскиот занает.
2. Работел бесплатно
Помеѓу 2007 и 2010 година волонтирал во разни ресторани во Аргентина и САД како би стекнал искуство во овој бизнис. Наводно не зборува ниту еден странски јазик.
3. Има ресторани ширум светот
Тој се врати во Турција во 2010 година и го отвори својот прв ресторан. Денес е сопственик на низа ресторани по име Нуср-Ет, ги има во Истанбул, Мајами, Њујорк, Доха, Абу Даби и Дубаи. Наскоро треба да отвори и во Лондон.
4. Неговите ресторани се наменети само за љубителите на месо
Нуср-Ет нуди претежно месо. Менито содржи сè, од татар бифтек, до стекови и ќофтиња и хамбургери. Како гарнир можете да нарачате салата, пире од компири, крокети, кромид, спанаќ или печени печурки, и да уживате во традиционалниот турски десерт, баклава.
5. Премногу е пребирлив кога е месото во прашање
Гокче го третира месото со многу љубов, па затоа не е изненадување што е многу пребирлив при изборот на месо за своите ресторани. Менаџерот на еден од неговите ресторани откри дека секогаш е во потрага по совршени парчиња месо и дека понекогаш зема само 100 килограми, од понудените 5 тони месо.
6. Тој е (не) сакан од критичарите
Салт Бае не е омилен кај гастрокритичарите. Откако отвори ресторан во Њујорк, менито на славниот турски готвач е оценето како прескапо. Критичарите сметаат дека неговите хамбургери се препечени, а неговите стекови неизвесни и неинспиративни. Но, тие исто така заклучија дека вкусот на храната ќе падне во втор план ако сте доволно среќни за да ве послужи Салт Бае. И покрај критичарите, неговата фан-база постојано расте, а моментално на Инстаграм го следат околу 25 милиони луѓе од целиот свет .
7. Работи 18 часа на ден
Салт Бае има импресивна работна етика. Во едно од неговите интервјуа, тој призна дека работи 18 часа на ден и никогаш не земал слободен ден.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо