Поврзи се со нас

Вести

Каков воздух дишат гостиварци?

Објавено

на

Гостивар нема мерна станица со која може да се определи квалитетот на воздухот и нивото на загаденост. Сепак и покрај тоа што не постојат конкретни бројчани показатели, повеќе факти укажуваат на тоа, дека гостиварци дишат загаден воздух.

Непријатниот мирис и чадот надвор особено се чувствуваат во вечерните часови, кога се гледа и „бела завеса“ во воздухот. Голем број домаќинства се затоплуваат на дрва, па загадувањето е поголемо во зимскиот период. Ризик фактор е и депонијата Русино, која е лоцирана премногу блиску до населените места и не ги задоволува стандардите. Тука е и лошата навика на граѓаните често и без особена потреба да ги користат автомобилите низ град.

Изминатата ноќ, според мерењата на Министерството за животна средина, многу високо ниво на загаденост на воздухот имаше во 12 градови во Македонија, меѓу кои и соседно Тетово.

Невидливите загадувачки суспендирани честички се опасни по здравјето на човекот. Според анализата на Светска банка, во Македонија над 1.300 смртни случаи годишно се припишуваат на загадувањето со ситни честички, додека илјадници граѓани добиваат хроничен бронхитис, астма и други болести на дишните патишта.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 7 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 8 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 10 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 11 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 12 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 14 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 14 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 15 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена