Гостивар
Едно поинакво сончево попладне во Гостивар, четврток 9 април 2020 година
Да беше денес вообичаено четврточно попладне, глетката и атмосферата низ Гостивар ќе беа сосема поинакви. На сончевото и топло априлско време, градот ќе „вриеше“ од луѓе – кој излезен за прошетка, кој на пат кон дома од работа, некој на раат да пазари, друг да стори кафе муабет или касне благце со пријателите во култните гостиварски слаткарници…
Денес, 9 април 2020 година, Гостивар, како и целата Македонија и поголемиот дел од светот нема вообичаено сончево попладне. Од 16 часот почна полицискиот час. Улиците се празни и пусти. Наместо насмеани и безгрижни луѓе, може да се видат само по некое куче и гулаби на градскиот плоштад.
Полициски екипи вршат контрола колку се почитува ограничувањето на движењето, а комуналните работници неуморно се грижат за хигиената во градот.
Граѓаните се затворени во домовите.
Утре е петок. И утре отприлика сликата за Гостивар ќе биде како денес. Тие што мора да работат, ќе работат. Редици пред маркетите и аптеките, луѓе покриени со маски, забрзани да ги завршат обврските.
А во текот на викендот, гостиварци Сонцето ќе можат да го почувствуваат само преку прозорецот, на терасата, во дворот…
Кафе муабетот со пријателите ставен „на чекање“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
1 Коментар