Поврзи се со нас

Избори 2024

Изборен молк до утре во 19 часот

Објавено

на

Од полноќ стапи во сила молкот во пресрет на вториот круг од Претседателски избори и Парламентарните избори кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство.

Се гласа на 3480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Денеска, ден пред изборите, први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

Иако кампањата и подготовките за изборите се совпаднаа со велигденските празници, ДИК навреме го достави недоверливиот и доверливиот материјал до општинските изборни комисии.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ)  упати апел за известувањето на медиумите во тек на изборниот молк за двојните избори кој трае до утревечр во 19 часот.

-За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања, укажаа од АВМУ.

Според Изборниот законик, потсетуваат од АВМУ, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 12 часа

Изложба во Гостивар-Убавините на македонските планини преку фотографии

Македонијапред 15 часа

На македонскиот пазар нема сендвич со шунка загаден со листерија повлечен во Хрватска и Србија

Македонијапред 16 часа

Африм Гаши избран за претседател на Собранието

Македонијапред 16 часа

Менструално здравје: Еден до два слободни дена месечно за вработените жени, бесплатни хигиенски пакети за ученичките…

Македонијапред 17 часа

Африм Гаши предложен за претседател на Собранието, пратениците од „Европски фронт“ ја напуштија салата

Гостиварпред 18 часа

Гостиварка и струмичанка пријавиле напади од партнерите

Гостиварпред 19 часа

Доајенот на македонското новинарство Киро Кипроски со нова монографија – „Светот без Македонија не е цел“

Гостиварпред 20 часа

Возило излетало од патот Маврово-Дебар

Гостиварпред 21 час

„Илинденска“ во Гостивар без вода поради дефект

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена