Гостивар
Јакупи: Тројца вработени во болницата се позитивни на коронавирус, за 6 се чекаат резултати
Изминатите денови Министерството за здравство објави дека во Гостивар има нови случаи на заболени од Ковид 19. Во петокот беа регистрирани два, додека во саботата и неделата уште по еден случај.
Три лица од евидентираните новозаболени се медицински лица од општата болница во Гостивар, потврди денес директорот Јакуп Јакупи.
„Ние континуирано преземаме неопходни мерки за заштита на персоналот и пациентите. Вработените кои имаат позитивни резултати, за среќа не оделе на работа во болницата изминатиот период, со оглед дека воведовме работа во групи, за да се избегнат меѓусебни контакти. Тие остануваат на лекување во домашни услови и до сега немаат развиено симптоми. Деновиве ќе им се изврши и ретестирање. Резултати се чекаат за уште шест вработени во болницата, кои исто така во меѓувреме заради сигурност се во самоизолација.“, информираше Јакупи.
Епидемиолошката анкета треба да утврди како медицинските лица се заразиле со вирусот. Во болницата била извршена дезинфекција, а одделенијата продолжуваат да функционираат непречено. Вкупно до сега се тестирани 45 здравствени работници од болницата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ