Поврзи се со нас

Гостивар

Акција во Гостивар: Донирајте смарт телефони, таблети, лап топи за ученици од социјални семејства!

Објавено

на

Во Гостивар од денес започна акција за донирање на електронски уреди за ученици од социјално ранливи семејства. Целта е и на овие деца да им се обезбедат услови за следење на онлајн настава. Акцијата ја спроведува Асоцијацијата на младински организации во соработка со локалната самоуправа.

Нивната анализа покажала дека околу 800 ученици на гостиварското подрачје не можат да се вклучат во наставата преку интернет.

„Овој непријател коронавирус, со кој се бори целиот свет успеа да допре до секоја област, па и до образованието. Многу ученици започнаа со онлајн настава, но децата од социјално загризените семејства немаат услови за тоа и тие со недели не можат да се вклучат во образованиот процес. Затоа апелираме до сите граѓани, иселеници, компании: ако во вашите домови, на вашите полици имате смарт телефон, лап топ, таблет кои не ги користите, донирајте ги и станете дел од сонот за образование на младите луѓе“, рече Влора Демири од Асоцијација на младински организации.

Акцијата ќе трае до четврток, а денес веќе почнаа да пристигнуваат првите донации. Организаторите се надеваат дека на овој начин ќе успеат да израдуваат што поголем број на ученици.

Донациите треба да се однесат во просториите на Општина Гостивар.

Листата на семејства кои ќе добијат уреди се формира според податоци за социјалната и материјална положба.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена