Гостивар
Кризата ја тенчи буџетската каса, Таравари вели дека Владата не дава никаква помош

Пандемијата на Ковид 19 удри по буџетот на општините. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари соопшти дека во март, гостиварската локална самоуправа бележи намалување на приходите за 71%, во однос на истиот месец минатата година.
„Само за месец март приходите во буџетот на Општина Гостивар се 71% пониски во однос на март 2019 година. Ова е огромен хендикеп за општината. Луѓето сега не инвестираат и не ги плаќаат сите обврски, па затоа се јавуваат овие проблеми. Од таа причина и ние не планираме некои поголеми проекти овој период, ќе се реализираат само поситни неопходни зафати. Искрено кажувам дека не сме добиле никаква помош од Владата. Се надевам дека идниот период ќе споделат нешто од кредитите што ги земаат од меѓународните институции во форма на заеми. Не бараме неповратни пари, туку да ни дадат пари во форма на заем со ниска каматна стапка,“ изјави Таравари.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022