Гостивар
Официјално во Гостивар двајца оздравени од коронавирус
Две лица од Гостивар се евидентирани како оздравени од коронавирус, во официјалната статистика за состојбата со болеста на Министерството за здравство. Овие пациенти се внесени во извештајот на 24 април (петок), како излекувани во домашни услови.
Според последните објавени податоци од Министерството за здравство, вкупната бројка на оздравени лица од Ковид 19 во земјава до вчера изнесува 500, додека на дијагностицирани 1.386 лица. Како смртни случаи од корона во Македонија се водат 61. Од регистрираните смртни случаи, најголем дел, се на возраст над 60 години. 43 се лица од машки и 18 лица од женски пол. Кај вкупно 48 лица (78,7%) се регистрирани коморбидитети.
Моменталната официјална евиденција за регионот на Гостивар (општините Гостивар, Маврово Ростуше и Врапчиште) е вкупно дијагностицирани 15, од кои активни болни се 12, оздравени 2 и еден починат.
Последниот позитивен случај беше регистриран вчера (недела, 26 април).
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 246 | 213 | 12 | 471 |
Куманово | 262 | 94 | 15 | 371 |
Прилеп | 112 | 25 | 4 | 141 |
Тетово | 44 | 24 | 5 | 73 |
Велес | 52 | 11 | 3 | 66 |
Струга | 26 | 26 | 12 | 64 |
Дебар | 1 | 46 | 4 | 51 |
Штип | 12 | 20 | 2 | 34 |
Кочани | 11 | 16 | 1 | 28 |
Битола | 14 | 5 | 19 | |
Гостивар | 12 | 2 | 1 | 15 |
Охрид | 12 | 3 | 15 | |
Крива Паланка | 3 | 2 | 5 | |
Кавадарци | 2 | 2 | 1 | 5 |
Гевгелија | 1 | 3 | 4 | |
Радовиш | 4 | 4 | ||
Крушево | 1 | 1 | 1 | 3 |
Виница | 2 | 2 | ||
Пробиштип | 1 | 1 | 2 | |
Кичево | 2 | 2 | ||
Демир Капија | 2 | 2 | ||
Неготино | 2 | 2 | ||
Струмица | 2 | 2 | ||
Македонски Брод | 2 | 2 | ||
Валандово | 1 | 1 | ||
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 825 | 500 | 61 | 1.386 |
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ