Поврзи се со нас

Занимливости

Дали жените се подобри возачи од мажите?

Објавено

на

Жените се подобри возачи од мажите, а судејќи по бројот на тешки сообраќајни несреќи, се дури двапати подобри, пишува Њујорк Тајмс.

Британските научници користеле владини податоци за 14.425 сообраќајни несреќи со смртен исход во периодот помеѓу 2005-та и 2015-та година. Во тој број се вклучени само несреќи кои вклучувале повеќе од едно возило. Без да припишуваат вина на било кој од возачите, тие вклучиле број на загинати поврзани со возачи на автомобили, комбиња, камиони, моторцикли, автобуси и велосипеди.

Студијата што ја објавиле во списанието “Injury Prevention“ открила дека во големите несреќи најчесто учествувале автобуси и камиони, а дека моторциклите биле двојно поопасни за другите учесници во сообраќајот од автомобилите. Возачите на велосипеди биле во најмал број несреќи кои вклучувале и други уцесници во сообраќајот.

Ако ги споредиме со жените, машките возачи имале двојно повеќе фатални сообраќајни несреќи. Моторциклистите имале дури 12 пати повеќе несреќи од моторциклистките. Кај возачите на автобуси и велосипеди немало разлика.

“Интересно е дека во оваа студија го разгледавме нивото на ризик кое возачот го претставува за другите учесници во сообраќајот, а тоа е аспект кој многу ретко се размотрува“ – заклучува Рејчел Алдред од Универзитетот Вестминстер во Лондон.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена