Поврзи се со нас

Гостивар

Пациентите од Гостивар со одреден тип на карцином терапијата ќе ја примаат во Тетово, наместо во Скопје

Објавено

на

Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар, објави Министерството за здравство додавајќи дека распределбата на онколошката терапија, онаа што може да се прима во регионалните центри каде што има услови за тоа, се прави со цел да се заштитат овие пациенти и да не се изложуваат на дополнителен ризик. Дисперзијата и пренасочувањето на пациентите се применува само за одредени типови карцином заради специфичноста на онколошката терапијата и потребата од посебни услови за примање.

Во регионалните центри во Битола, Штип и Тетово ќе се прима субкутана и таблетарна терапија. Кон регионалниот центар во Тетово се приклучуваат пациентите од Гостивар и Дебар, како и селата околу овие општини.

„Пациентите што ќе бидат пренасочени во некој од овие центри претходно ќе бидат информирани од својот доктор онколог или сестра од Клиниката за онкологија во Скопје во однос на тоа дали ќе има промени, кој е точниот термин и регионалниот центар каде ќе може да ја прими терапијата или да ги подигне таблетите. При дисперзијата во регионалните центри се следи точниот календар на примање терапија за секој пациент одделно. Со обезбедувањето побезбеден начин за примање на онколошката терапија, упатуваме апел до пациентите да ги следат препораките од својот онколог за дополнителна заштита и да не се изложуваат на непотребен ризик.“, соопштија од МЗ.

Во регионалниот онколошки центар во Битола, терапија ќе може да примаат пациентите од Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Прилеп, Македонски Брод, Демир Хисар и пациентите од селата и населените места околу овие градови.
Во онколошкиот центар во Штип се распределени пациентите од Виница, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Неготино, Делчево и Валандово, и пациентите од селата околу овие општини.

На Клиниката за онкологија и радиотерапија во Скопје, својата терапија ќе продолжат да ја примаат покрај пациентите од Скопје, уште и од Куманово, Велес и Крива Паланка.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 22 минути

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 1 час

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 2 часа

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 3 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 4 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 5 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 8 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Македонијапред 9 часа

Православен празник во слава на Св.Атанасиј Велики

Гостиварпред 20 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена