Поврзи се со нас

Вести

Поради дефект, нема греење во спортска сала на ОУ „Гоце Делчев“

Објавено

на

По настанатата хаварија во системот за напојување со нафта и замрзнување на радијатори, во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар нема услови за одржување на часовите по физичко воспитување. Дефектот се случил во текот на зимскиот распуст, по што биле преземени мерки за санација. Од Управата на училиштето велат дека обезбедиле затоплување на училниците, но спортската сала останува без парно греење, како и ходниците во училишниот објект.

„Вложивме напор и системот се стабилизира. Во училниците има греење, но она што со сигурност можеме да го кажеме е дека извесен период, нема да се одржуваат часовите по физичко воспитување во спортската сала, затоа што таму ја имавме и најголемата штета“, рече во својата изјава, директорот на училиштето, Сашо Шарески.

Од друга страна, родители на деца што учат во ова училиште реагираат дека второто полугодие започнало во лоши услови. „Греење во училниците, колку да се каже дека има, додека во ходниците и кујната нема. Расипано, пукнале цевки, инсталацијата за парно е сигурно 30 години стара. Во училниците на горниот кат седат со кофи, во случај да почне да се топи снегот, па да има во што да ја собираат водата, оти кров скоро и да нема“, стои во реакцијата испратена до нас од загрижени родители.

Инаку, лани во ноември, при посета на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, заменик министерот за образование Спиро Ристовски, изјави дека проектот за реконструкција на покривот на ова училиште ќе биде ставен во Програмата на Министерството и ќе се реализира до крајот на учебната година.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена