Поврзи се со нас

Гостивар

Околу 2,7 милиони денари за асфалтирање на локален пат во гостиварско Дебреше

Објавено

на

Во гостиварското село Дебреше започнаа работите за асфалтирање на локален пат, во должина од околу половина километар и ширина од 6 метри.

Проектот се реализира со средства обезбедени од општинскиот буџет на Гостивар, а вредноста изнесува околу 2,7 милиони денари.

„Ова е прва инвестиција асфалтирање на пат по Програмата на општината за годинава. Реализиравме асфалтирање и на патот од Симница до Церово, но тоа беше проект со меѓуопштинска соработка, а ова е целосно на Општина Гостивар. Ќе продолжиме со реализација на проекти, доцниме поради ситуацијата со Ковид 19, но се надевам дека натаму ќе се стабилизира состојбата, за да го сработиме сето она што сме го дале као ветување пред граѓаните“, рече градоначалникоит Арбен Таравари.

Во врска со работите на канализацијата во селото Чајле, кадешто работите се стопирани градоначалникот рече дека од Министерството за транспорт и врски има одобрение, но МВР дало забелешки и го вратило проектот назад.

„Никогаш до сега не се случило нешто што потпишал министерот за транспорт и врски, да се врати од страна на МВР. Но ете, во Гостивар тоа се случува, со забелешки дека немало предвидено светло, некоја сигнализација, а тоа се прави чисто како нарачка од некого да се спречи изградбата на канализација од Чајле. Веќе навикнати сме на такви пречки, но единствено што може да се случи е да се одолговлекува уште 10-тина дена, потоа работите ќе се продолжат“, изјави Таравари.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 минути

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 2 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 5 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 7 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 9 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 10 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена