Поврзи се со нас

Гостивар

Факултетите може да организираат предавања и испити

Објавено

на

Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба, врзана за редовна организација на високообразовните установи, во време на вонредна состојба.

Согласно одредбите, на високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот за полагање испити на високообразовните установи, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот КОВИД-19 од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, може да се реализираат студиските програми, како и проверката на знаењето, со физичко присуство на студентот.

На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот,  со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска,  магистерска теза, и докторска труд, соопштија од владината прес служба.

Со оваа Уредба се регулира и работата на Стручната служба, која може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за  примена на протоколот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена