Поврзи се со нас

Деца Родители

Насоки при запишувањето на првачињата

Објавено

на

Уписот на првачиња согласно законот за Основно образование по правило се врши во месец мај. Оваа година заради настанатата ситуација со COVID-19 уписот на ученици во прво одделение ќе се реализира во месц јуни. При уписот на првачето заедно со него треба да дојде неговиот родител/старател, а пожелно е да дојдат и двајцата родители/старатели. Тие со себе треба да ја носат потребната документација за упис во прво одделение, а училиштето потребно е да има обезбедено услови и благопријатна училишна клима за таа намена. Просторијата каде ќе се врши приемот треба да биде адаптирана за разговор и набљудување на детето. Во истата пожелно е да им сликовници или литературно катче, листови хартија и боички, играчки итн. На денот на запишувањето на првачето главна улога има комисијата формирана од директорот на училиштето за таа цел, а во која значајна улога има стручниот соработник (педагог или психолог). По пристигнувањето во училиштето првачето заедно со неговите родители/старатели или пак неколку првачиња и нивните родители/старатели ги прима претставникот од стручната служба и сите заедно се упатуваат кон просторијата за упис на првачиња. При уписот првично претставникот од стручната служба како член на комисијата за упис им дава на родителите/старателите формулар во кој тие треба да внесат нивни лични податоци и податоци за првачето. Потоа, претставникот од стручната служба и другите членови од комисијата (наставник за предучилишна настава или наставник за одделенска настава) на првачето или првачињата им даваат одредени активности и вршат нивно набљудување, а исто така и водат разговор со нив. При овие активности комисијата посебно го следи однесувањето на првачето или првачињата во новата средина, дали првачето слободно се движи во просторијата; дали игра со играчките; дали ги разгледува сликовниците или пак веднаш оди кај неговите родители; дали комуницира и се дружи со другите првачиња (доколку се неколку првачиња во просторијата) им подава играчки или им ги зема и сл.; како се однесува кон материјалните средства и мебелот во просторијата (дали има внимателен однос или пак истите ги фрла, дали бара да црта, да направи нешто). Потоа, се следи неговото однесување кон неговите родители, односно дали бара поддршка од нив или ги игнорира; дали е постојано со нив; дали ги прашува. Исто така се следи првачето како се однесува кон непознати лица (во случајов членовите на комисијата или пак родителите на другите првачиња доколку има во просторијата повече првачиња); дали комуницира со нив; дали одговара на прашањата кои тие му ги поставуваат. Комисијата го следи и однесувањето на родителите во однос на тоа дали тие му сугерираат одговори; дали постојано реагираат на неговото однесување или пак само визуелно го следат однесувањето на нивното прваче. При уписот на првачето секој член од комисијата одделно комуницира со него за да добие информации во однос на неговите одговори на поставените прашања, а целта е да утврдат дали првачето правилно ги изговара гласовите; дали врши правилно склопување на збор и реченица; дали пелтечи; дали дава опширни одговори на поставените прашања или одговара само со да и не. Комисијата разговорот што го води со првачето се однесува на сфери кои него го интересираат. На пример: кои му се омилени играчки, кои му се омилени игри, како се викаат неговите пријатели; дали има братче или сестриче; дали ги посетува неговите баба и дедо; дали патува со неговите родители; со кое превозно сретство и на кои места патувале и сл. Од временска гледна точка овие активности во однос на уписот на првачето не би требало да траат повеќе од 30 минути.

По завршувањето на набљудувањето и разговорот со првачето членовите на комисијата меѓусебно ги изнесуваат своите мислења, предлози, забелешки и видувања. Доколку имаат заедничко мислење по одреден проблем, еден од нив ги повикува родителите и се договараат на проблемот да работат во текот на летниот период, а доколку истиот целосно не биде отстранет на проблемот заедно да работат наставникот, родителите, претставник од стручната служба итн. во текот на школувањето на ученикот.

По завршувањето на уписот на првачето се врши распределба на првачињата во неколку паралелки (во зависност од бројот на запишани првачиња), а просториите заедно со наставниот материјал и опрема во кои ќе учат првачињата траба да одговараат на нивната возраст и развоен период. Родителот/старателот при уписот на првачето може да ја каже неговата желба во однос на тоа која учителка сака да го учи неговото дете, но исто така треба да му се даде до знаење дека стручните соработници од училиштето треба да ги почитуваат и педагошките критериуми за формирање паралелка. Тие критериуми се: рамномерна застапеност на половите, социјална структура на семејството, образование на родителите, предзнаењето на детето. Стручните соработници кои вршат формирање на паралелките, треба да ги почитуваат наведените критериуми.

Уредил: м-р Јанко Билбилоски

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена