Поврзи се со нас

Деца Родители

„Одете дома и сакајте го своето семејство!“

Објавено

на

Петнаесетти мај се одбележува како Меѓународен ден на семејството. Датумот е определен од Генералнотo coбраниe на Обединетите Нации во 1993 година. Семејството е основната клетка на секое општество, од таму неопходноста да се негува, чува и вреднува на вистинскиот начин. Денешниот датум е убава можност да се потсетиме на убавата мисла од хуманитарката Мајка Тереза, која со неколку збора ја дефинира важноста на семејството за целокупното човештво:

„Што можете да направите за да промовирате мир во светот? Одете дома и сакајте го своето семејство.“
Мајка Тереза

Годинава, 15 мај доаѓа во време на една од најпредизвикувачките глобално здравствени и социјални кризи – пандемијата КОВИД-19 кога фокусот се социјалните политики за заштита на најранливите категории на лица и семејства. Тоа се семејства кои го носат товарот на кризата, ги чуваат своите членови од штети и загуби, се грижат за децата надвор од училиштето и во исто време, продолжуваат со работните обврски.

„Семејствата ширум светот се менуваат, голем дел од семејствата стануваат помали, бидејќи расте бројот на домаќинствата со самохрани родители. Во моментов, 65% од сите семејства се составени од двојки кои живеат со деца на која било возраст или парови кои живеат со децата и со членови на поширокото семејство, како што се бабите и дедовците. Намалениот број на продолжени семејства и зголемениот број на семејства со самохрани родители, ставаат сериозен фокус на прашањето за социјалната заштита.Семејството станаа центар на меѓугенерациски интеракции, кои нè поддржуваат во оваа криза. Во време на економската криза се продлабочува и сиромаштијата. Неизвесноста го зголемува стресот кој честопати резултира со зголемено насилството врз жените и децата. Затоа поддршката на ранливите семејства, оние кои немаат приходи или ги загубиле приходите во време на кризата, оние кои немаат соодветно домување, семејствата со мали деца, постарите лица и лицата со посебни потреби е повеќе од потребна, од кога и да било претходно.“, се вели во соопштението на Институтот за јавно здравје по повод Денот на семејството.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена