Поврзи се со нас

Гостивар

Прес на СДСМ Гостивар: Може да се организираат 100% сигурни избори за граѓаните и за нивното здравје

Објавено

на

„Новата нормалност значи и организирање на изборен процес согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. Избори може да се организираат и да бидат 100% сигурни избори за граѓаните, за нивното здравје, за сите учесници во изборниот процес, но само ако сите учесници во процесот ги почитуваат протоколите. Како што со заштитни мерки ги извршуваме нашите секојдневните обврски, пазариме во маркетите или посетување банка, така со заштитни мерки можеме да го искористиме демократското право да гласаме на избори и да си обезбедиме функционално Собрание и нова, политичка влада. Институциите имаат капацитет, на денот на гласањето да ги обезбедат сите превентивни мерки за целосна  заштита на гласачите и на сите други учесници во изборниот процес. Истовремено, политичките партии имаат обврска и одговорност да водат одговорни кампањи без масовни собири каде целосно ќе бидат запазени сите мерки на заштита.“, истакна претседателот на општинската организација на СДСМ во Гостивар, Драгољуб Филипоски на денешната прес конференција, додавајќи:

„На граѓаните, на државата, им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет и легитимитет. Само со такви институции со целосен легитимитет можеме полесно и побрзо да се справиме со здравствените и економски последици од коронакризата. Северна Македонија мора подготвено и со 100% капацитет да го дочека септември. Да бидеме целосно спремни за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и за очекуваниот нов бран на вирусот наесен.“

Филипоски рече дека борбата со коронавирусот треба да продолжи преку целосно почитување на мерките на лична заштита и а новата нормалност значи дека секојдневните обврски граѓаните ќе ги вршат согласно мерките.

„Тоа значи дека во таква нова нормалност ќе се одвиваат сите процеси во нашето општество, економијата ќе се враќа во нормала, ќе работиме и ќе вршиме сите обврски но со почитување на сите мерки. Со новата нормалност согласно протоколите за заштита ќе функционираат градинките, училиштата и факултетите, ќе функционираат театрите, кината и музеите, ќе функционираат угостителските објекти, фабриките и јавниот транспорт. Светот се отвара и враќа во нормала, тоа ќе го правиме и ние. Но, само од нас ќе зависи дали ќе ги поддржиме лекарите и ќе спречиме понатамошно ширење на вирусот или влошување на состојбите.“, изјави претседателот на ОО СДСМ Гостивар.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 4 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 6 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 8 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 9 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 22 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена