Македонија
Проверете дали сте добитник на ваучер за туризам
На платформата „Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk) граѓаните може да извршат проверка дали се добитници на ваучери од 6.000 денари за домашен туризам.
„Вкупно 117.122 граѓани со ниски приходи ќе добијат ваучер за домашен туризам, согласно листата која што Министерството за економија ја доби од Управата за јавни приходи. На листата на добитници на ваучер, се сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно или вкупно 60.000 денари во периодот од јануари до април 2020 година. Граѓаните кои се на листата на добитници ваучерите за туризам ќе ги добијат преку емаил кој го имаат доставено во УЈП, односно за истите не е потребно да аплицираат. На платформата „Дома си е дома“ сите граѓани со впишување на својот единствен матичен број ќе можат да проверат дали се добитници на ваучери“ појасни министерот за економија Кресник Бектеши.
Секој ваучер гласи на име и презиме, содржи QR код, ваучер код и пин код. Лицето ќе мора да го покаже ваучерот при искористувањето на давателот на туристички услуги. Ваучерот ќе мора да се искористи во една посета.
Ваучерите ќе може да се искористат од 15 јули 2020 до 15 декември 2020 за сместувања и патувања во земјата. На Платформата освен листата на добитници ќе биде објавена листа на сите даватели на туристички услуги кои мора да бидат категоризирани и имаат рок до 30 јуни да се регистрираат за да ги понудат своите сместувачки капацитети.
Покрај ваучерите за домашен туризам, граѓаните со ниски приходи ќе добијат и платежна картичка од 3.000 денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
1 Коментар