Гостивар
Советот на Гостивар ќе предложи членови во одборите на ЈП за Русино – еве ги имињата
На утрешната седница на Советот на Општина Гостивар ќе се најдат предлог-одлуки за именување на членови во Управниот и Одборот за финансиска контрола на Јавното претпријатие Русино/Полог, кое е регионално и треба да ги преземе надлежностите околу управувањето и менаџирањето со депонијата Русино.
Како што може да се види од предлог-одлуките, за членови на Управниот одбор ќе се предложат:Гајур Изаири, Руфат Селими и Дритан Саити.
За член на Одборот за вршење на контрола на материјално-финансиско работење ќе биде предложена Виолета Столеска.
По овие предлози најпрво расправа Комисија за прашања на верификација, избори и именувања на состанок кој беше закажан за денес напладне.
Додека стојат незавршени процедурите за ставање во функција на ЈП Русино/Полог, расте револтот и загриженоста кај гостиварци за депонијата, каде секојдневно има пожари, а чадот и непријатната миризба се шират низ градот. Граѓаните на Фејсбук формираа група Стоп депонија Русино!Чист воздух за Гостивар на која постојано се споделуваат фотографии и видеа од лошата состојба на депонијата и последиците врз околината.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ