Поврзи се со нас

Македонија

Околу 4330 фирми на новиот список за бришење од Централен регистар

Објавено

на

Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва, објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2016 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2015 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање согласно со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/уплатиле основачкиот влог.

Централниот регистар на Република Македонија истовремено ги повикува  законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од денот на објавувањето на ова соопштение да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.

Доколку во рок од една година Централниот регистар на Република Македонија не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.

Напомена:  Централниот регистар на Република Македонија се до истекот на законскиот рок за објава ќе врши редовно ажурирање на објавениот список на тој начин што од истиот ќе ги отстрани трговците поединци и трговските друштва кои ги отстраниле причините поради кои биле ставени на списокот како и оние кои по објавата на списокот се избришани од трговскиот регистар по пат на стечај, по пат на ликвидација или согласно член 18  од Законот за трговските друштва.

Целата листа на субјекти може да ја превземете тука.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 10 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 12 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 16 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 17 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 20 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 20 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 21 час

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 23 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 23 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена