Поврзи се со нас

Занимливости

Thousand Islands – aрхипелаг со 1.864 острови

Објавено

на

„Илјада острови“ е архипелаг кој го сочинуваат 1.864 острови, кои се наоѓаат на природната граница помеѓу САД и Канада, Сент Лоренс реката и североисточниот дел од езерото Онтарио. Архипелагот е распространет во должина од 80 km, а големината на островите пак варира од острови со 60 квадратни километри па сѐ до острови големи колку на нив да се смести една куќа.

Интересно е што одредувањето на бројот на острови е според следниот критериум: површината на островот мора да биде над нивото на водата во текот на цела година, да има површина поголема од 1 километар квадратен и да има барем едно стебло.

Најголемиот остров е Wolfe Island, долг 29km и широк околу 9km во најширокиот дел и на него живеат околу 1.400 жители. Колку за споредба, на еден од најмалите острови има само една куќа со простор околу неа за една железна клупа. Голем број од островите се ненаселени, а оние на кои има една куќа или две денес имаат пристап до електрична енергија, телефон, како и редовен превоз до копно или до останатите острови со траект.

Околу 20 острови го сочинуваат националниот парк “Илјада острови“, најстариот национален парк во Канада, источно од канадските Карпести планини. Тој секоја година привлекува голем број на туристи на кои им нуди можност за кампување, прекрасни песочни патеки, организирање на разни настани итн.

Архипелагот Илјада острови е прогласен за светски резерват на биосферата на УНЕСКО во 2002-ра година.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена