Поврзи се со нас

Вести

Четири случаи на каснување од куче минатиот месец

Објавено

на

Четири лица во јануари завршиле на Ургентното одделение во гостиварската општа болница по каснување од куче. Медицинските екипи таму им ја пружиле потребната помош и нега, ги вакцинирале и им ги санирале повредите.

Освен напади од кучиња бездомници, се регистрираат и случаи на напади од кучиња со сопственици. Лекарите велат дека граѓаните мора да знаат што треба да прават и како да си помогнат, во првите моменти кога се каснати од куче.

„Пациент каснат од куче секако мора да се јави на лекар. Но, ако не е во можност веднаш да го направи тоа и ако му треба повеќе време да стигне до болница, пожелно е раната да ја исчити со млака вода и сапун. Тоа придонесува да се намали можноста за инфекција. Кога веќе ќе стигнат кај нас, ние професионално ги чистиме раните, ги дезинфицираме и даваме вакцина против тетанус и профилакса што спречува инфекција од бактерии кои може да ги има во устата на кучето. Доколку кучето кое го извршило нападот не е вакцинирано против беснило, тогаш пациентот се испраќа во Скопје, кадешто ги прима петте вакцини против беснило. Мора да кажам дека долги години наназад во Македонија не е регистриран случај на беснило“, објасни д-р Аднан Џабири, раководител на Ургентен Центар во Гостивар.

Минатата година беа регистрирани педесетина напади од кучиња.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена