Поврзи се со нас

Занимливости

Мирниот европски град во кој е „родена“ злогласната психоделична дрога

Објавено

на

На 19 април 1943 година, одлучил лично на себе да ги тестира влијанијата. Зел 250 микрограми и тргнал дома со велосипед, а потоа започнал да се чувствува чудно …

Верувале или не, психоделичната дрога, поточно лисергичната диетиламична киселина, попозната како ЛСД-25, е „родена“ во Базел, Швајцарија.

Зад откритието се наоѓа швајцарскиот хемичар Алберт Хофман, кој во триесетите години од минатиот век бил вработен во фармацевтскиот и хемискиот оддел на лабораториите „Сандоз“ во Базел.

Алберт работел на синтеза на активни состојки од ергот печурки за можна употреба во фармацевтската индустрија. Тој ја извлекол и синтетизирал лисергичната киселина и случајно ги открил психоделичните својства на ЛСД, кога мала количина навлегла во неговата кожа.

На 19 април 1943 година, тој одлучи да ги тестира влијанијата врз себе. Зел 250 микрограми и како секој друг ден тргнал дома со велосипед, а потоа започнал да се чувствува чудно…

„Калеидоскопски, фантастични слики ми се прикажуваа, наизменично, разнобојни, отворајќи се и потоа затворајќи во кругови и спирали, експлодирајќи во обоени фонтани, движејќи се и хибридизирајќи во постојан проток. Секоја акустична перцепција, како звукот на вратата или автомобилите кои поминуваа, се претвораа во визуелна перцепција. Секој звук создаваше живописно менување на сликата, со своја конзистентна форма и боја”, напишал Хофман подоцна во својата книга „LSD – My Problem Child“.

Тој продолжил да ги истражува психоделичните ефекти и гласно се спротивставувал на класификацијата на ЛСД како недозволена дрога, пред да започне да се злоупотребува во 1960-тите. Имено, Хофман цврсто верувал во употребата на ЛСД во психоанализата, но на крај се согласил дека треба да се применува во контролирани услови.

Базел е трет по големина град во оваа европска земја. Сместен на брегот на Рајна и може да се пофали со најстариот универзитет во Швајцарија. Денес, мал е бројот на луѓе кои се присеќаваат како злогласната ЛСД за прв пат е создадена и тестирана во него.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 4 минути

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 11 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 13 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 17 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 18 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 21 час

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 21 час

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 22 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 24 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена