Гостивар
Кризниот штаб во Гостивар потврди 14 заболени за вчера, МЗ одговори дека +10 ќе бидат ставени во денешниот извештај
На денешниот состанок на Меѓуопштинскиот Кризен штаб во Гостивар беше потврдена бројката од 14 нови случаи на корона за вчера (20 јули). Истиот податок (вкупно 14 од кои 12 О.Гостивар и 2 М.Ростуше) го објави Gostivarpress.mk врз основа на информации добиени од гостиварската епидемиолошка служба, кадешто дирекно стигнуваат резултатите од брисевите. Министерството за здравство, пак вчера во извештајот за Гостивар евидентираше само 4.
„Најверојатно податоците Министерството за здравство ги презема со доцнење и затоа бројките на дневна основа кои ги добиваме дирекно од епидемиолошката служба во Гостивар и тие од Министерство некогаш не се совпаѓаат. Епидемиологија вчера имаше евидентирано вкупно 14 нови случаи“, рече Валбон Лимани, шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Гостивар.
Утрово до Министерството за здравство и до Институтот за јавно здравје електронски испративме прашање со барање за објаснување: Зошто во податоците има разлика од 10 лица? Од МЗ одговорија дека анкетите за тие 10 биле пратени во текот на вчерашниот ден и истите ќе бидат прикажани во денешната статистика.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот