Гостивар
Поради пандемијата во Гостивар годинава нема да има свечен собир за Илинден
Македонија утре одбележува 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ.
Во Гостивар годинава, поради состојбите со коронавирусот нема да се организира традиционалниот свечен собир. Боречката организација информираше дека Илинден ќе се одбележи само со положување на цвеќе, на Споменикот на паднатите борци во НОВ, во градскиот парк.
Владата најави свечености под посебни протоколи за заштита од ковид, во Скопје, Крушево и Пелинце, кои ќе се одржат под заедничко мото „Победа за сите“.
На настанот во Скопје на тврдината Кале ќе се обрати премиерот Оливер Спасовски. Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар Пелинце. Во Крушево, пак на Мечкин Камен, настаните ќе се одбележат под покровителство на Собранието. Од таму соопштија дека собранискиот спикер Талат Џафери, нема да ја предводи делегацијата поради лекарски препораки за одмор и мирување. На чело на делегацијата ќе биде потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.
2-ри август е државен празник и е неработен ден за сите граѓани. Со оглед дека годинава се паѓа во ден недела, неработен е понеделник, 3-ти август. Со ова граѓаните добиваат продолжен викенд.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот