Поврзи се со нас

Вести

Честит Илинден – празнуваме датум со значаен белег во историјата

Објавено

на

Во Македонија денес се слави големиот национален празник Денот на Републиката, Илинден, 2 август – датум кој има значаен белег во македонската историја. Се одбележуваат два историски Илиндена – 117 години од почетокот на Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ.

Во 1903 година на полноќ спроти 2 август, започнало Илинденското востание во Крушево. Востаниците го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Крушевска Република траела десет дена. Бројната османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Во 1944 година, во манастирот Св. Прохор Пчински кај Куманово одржано е Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на Југославија. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 2 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 3 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 6 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Македонијапред 7 часа

Православен празник во слава на Св.Атанасиј Велики

Гостиварпред 18 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Занимливостипред 21 час

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Гостиварпред 23 часа

Во ОВР Гостивар пријавен напад од основец врз соученик во двор на училиште

Гостиварпред 1 ден

На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена