Македонија
Владата прогласи кризна состојба во дел од земјава
На денешната седница Владата, согласно заклучокот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе Одлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради постоењето на пандемијата и опасноста од ширењето на КОВИД-19.
„Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување.“, соопштина од владината прес служба.
Кризната состојбаќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар