Поврзи се со нас

Занимливости

Интересни факти за најпознатите градби на светот

Објавено

на

Овие славни и светски познати (и признати) градби од година во година бележат милиони посетители, а сите тие имаат историја и по некоја интересна приказна. При обиколката веројатно со некои понепознати работи ќе ве запознае локалниот водич, а додека не посетите некоја од нив, еве неколку интересни факти да го збогатите вашето знаење.

Empire State Building (Њујорк)

Ја граделе нешто повеќе од 3.400 работници, кои неделно ѕидале по четири ката. Затоа зградата е изградена за 450 дена.

Со висина од 381 метар, сѐ до 1972-ра година, ја имала титулата највисока зграда во светот. За нејзина изградба потрошени се околу 40 милиони долари, а денешната вредност ѝ е неверојатни 637 милиони долари. Зградата има свој поштенски број, а врвот бил замислен како место за паркирање цепелини.

И да, да кажеме дека нема 102 туку 103 ката, но овој последниов е резервиран само за VIP гости, па тешко дека некој од нас, обичните смртници, некогаш ќе го посети.

Ајфеловата кула (Париз)

Симболот на Париз воедно е и една од најпрепознатливите градби во светот. Кулата, направена за Светската изложба во Париз, граденa е полни две години, а се состои од 18 илјади парчиња ќелезо. После 20 години требало да биде срушенa, но градските власти одлучиле да ja задржат поради антената на врвот која била важна за радискиот сигнал.

Денес без кулата Париз е незамислив и не само тоа што годушно го посетуваат милиони, туку е и работно место на 600 Парижани.

Таџ Махал (Агра)

За да биде направен, било потребно 22 илјади луѓе, илјада слонови, 28 различни видови камен и 17 години. Таџ Махал е славен по својата симетрија, а зависно од периодот во денот, секогаш е со друга боја.

Легендата вели дека Шах Јахан на работниците кои работеле на оваа градба им ги кинел прстите и рацете за никогаш повеќе да не изградат нешто подеднакво убаво.

Fontana di Trevi (Рим)

Тешко дека некому не му е позната легендата која вели дека фрлањето паричка преку левото рамо во фонтаната гарантира повторно доаѓање во Вечниот Град.

Градските власти немаат ништо против фактот дека туристите ја прифатиле таа легенда, со оглед на тоа дека секој ден во фонтаната се фрлаат околу 3.000 евра. Значи, годишно оваа фонтана донесува нешто повеќе од милион евра.

Сите тие парички секојдневно ги собираат работници од Царитас и го донираат во повеќе од 200 земји во светот.

Sagrada Familia (Барселона)

Секој што ќе ја посети каталонската престолнина, не би можел да остане рамнодушен на изгледот на Светата фамилија. Црквата е врв на творештвото на големиот архитект Антонио Гауди, а иако градбата почнала во 1882-ра година, интересно е што сеуште не е до крај довршена.

Легендарниот Гауди на неа работел 40-на години, сѐ до својата смрт, а според последните информации, се очекува катедралата да биде завршена во 2025-та година.

Статуата на Слободата (Њујорк)

Можеби првиот споменик на кој ќе се сетиме кога ќе ги споменеме САД, секако е оваа жена со факел во њујоршкото пристаниште. Статуата на слободата направена е во Франција и представува подарок од Франција за САД. Колку е голема, доволно говори тоа дека на пат до Америка носена е во 350 дела со бродови.

Скулптурата ја представува римската божица на слободата, а лицето е обликувано според обликот на лицето на мајката на уметникот.

Емитаж (Санкт Петербург)

Еден од најубавите и најголеми светски музеји е сместен во царскиот град Санкт Петербург. Во својата колекција има повеќе од 3 милиони примероци, а тука се и делата на Микеланџело, Леонардо, Рубенс, Рембрант, Ван Гог и Пикасо. За големината доволно зборува следново: кога посетител кај секој експонат би се задржувал по една минута, би му требале 11 години да го обиколи цел музеј.

Музејот е специфичен по тоа што во него се запослени 60 мачки задолжени за чување на музејските простории од глувци.

Кривата кула во Пиза (Пиза)

Една од најпосетуваните атракции во светот, во деведесетите години од минатиот век била затворена за јавност бидејќи кулата едноставно премногу се навалила, па безбедноста на посетителите била загрозена. Одкако го приметиле тоа, италијанските власти донесле план за обнова, санација и враќање на кулата во положбата од 1838-ма година. Проектот го направил архитектот Микеле Јамоилковски, кулата е спасена, а целата операција чинела 25 милиони евра.

Од 2001-ва година повторно е отворена за јавност, така што социјалните мрежи се преплавени со фотографии од луѓе кои ја туркаат кулата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена