Вести
Пријавувале туристички претсој, а пееле и танцувале по кафеани
Во 24 одделни акции на полицијата во угостителски објекти на подрачјето на Гостивар и Тетово, минатата година биле откриени седумдесетина девојки со илегален престој. Најмногу од нив, 36 биле од Република Албанија, 16 од Србија, по 6 од Бугарија и Косово, 2 од Босна и Херцеговиа и по една од Црна Гора и Словенија. Тие го злоупотребиле туристичкиот престој и по кафеаните на црно работеле како пејачки и танчерки.
Станува збор за женски лица на возраст од 19 до 40 години, кои по откривањето и приведувањето се предаваат за натамошна постапка на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Најголемиот број од нив, веднаш се депортирани во нивните матични земји, откако им се изречени судски забрани за влез во нашата земја и извесни парични казни, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи.
Изминатиот викенд во контролна акција на полицијата, во угостителски објекти во селата Чегране и Желино, беа приведени десет девојки со нерегулиран престој.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ