Поврзи се со нас

Гостивар

Вработувања и унапредувања според професионалност, а не по партиска линија – велат од Општина Гостивар

Објавено

на

Изменет и дополнет е Планот за вработувања на Општина Гостивар за оваа година. Наместо првичните 45, бројот на нови вработувања е 58. Нови административци добиваат повеќе сектори и одделенија, а значителен дел од вработувањата се во Противпожарната единица.

Од локалната самоуправа објаснуваат дека потребата за промени произлегла од актуелните состојби со изборите и коронавирусот.

„Планот за вработувања во 2020-та беше усвоен уште од лани, но изборите беа предвидени прво во април, па се случи и пандемијата со ковид, па се сменија состојбите. Мораме да надополниме со работници, особено во противпожарната единица.“, појасни секретарот на општината Назми Јусуфи.

Подготвен е и усвоен и Планот за вработувањата во општината за 2021-ва година. И догодина се дава простор за нови административци, како и за унапредувања. Јусуфи вели дека одлуките ќе се носат строго според професионализамот и стручноста на кадарот.

„Законска обврска ни е до 1 септември да подготвиме План за вработување за идната година и да го доставиме во Министерството за финансии. Сакам да нагласам дека деградирања на работници ќе нема, туку само унапредувања. И тоа не по партиска или национална линија, туку само според професионалноста и извршувањето на работните задачи“, рече секретарот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена