Поврзи се со нас

Гостивар

Шанса за нов живот: Тинејџери од Гостивар запоставени од родителите згрижени во мал групен дом

Објавено

на

Тинејџери од Гостивар, кои растеле во нефункционално семејство, без доволно грижа од родителите добија шанса за нов живот. Со ангажман на тимот од Центарот за социјална работа, девојчето и момчето се сместени во мал групен дом во Скопје. Таму ги имаат сите услови за нормално секојдневие, за учење, дружење и поддршка да си ја планираат иднината.

Во групниот дом живеат во заедница со други деца и имаат свои воспитувачи, кои им помагаат да развијат чувство на стабилност и припадност.

„Сместивме момче од 15 и девојче од 16 години, од причина што немаа животни услови, доволно родителска грижа, а сакаат да се школуваат, имаат капацитет за напредување. Сега имаат поубави услови, згрижени се како што треба, со целото внимание и поддршка. Така децата ќе може имаат едно нормално детство, младост и да си ги остварат целлите и желбите“, вели Билен Карахасан, психолог во Центар за социјална работа – Гостивар.

Секоја година, од Гостивар во мали групни домови се згрижуваат максимум 3 деца. Искуството на социјалните служби кажува дека потребите се многу поголеми.

„Потребите се поголеми. Никој во нашата држава не се занимавал со тоа да истражи колку има такви случаи. Никој не дошол во Гостивар, ете да не консултира околу проблемот.  Тоа порано за време на бивша Југославија се работело, едноставно да се знае која и каква е реалната слика. Само така вистински може да се помогне. А тоа би бил еден многу едноставен процес, како сите дома што правиме, гледаме што ни треба, правиме проценка, калкулации, планови“, рече психологот.

Според прописите децата остануваат во групните домови до 18 годишна возраст. Потоа од државата им се обезбедуваат по 3.000 евра како поддршка за запишување на факултет, изучување занает или вработување.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 8 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 9 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 11 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 12 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 13 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 14 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 15 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 16 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена