Поврзи се со нас

Гостиарски

Така се зборува во Гостивар (9)

Објавено

на

Гостивар по Втората светска војна – Извадок од книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески

По ослободувањето се живело многу добро. Сеа, да речеме, за пеесе години ние сме живеле , да ти кажам, Југославија, вие младите затекнафте. Ни една држава во светот не живеше као Југославија. Ја одев по цела Европа, по цéл-свет. Ја видов какó-живат л`уди. И Јапан видов. И во Јапан сум бил, и Кина, и Америка. Ни Америка, никој. Ниме бевме Америкáнци број еден. Што живеефме. Што идеа, Западна Еврóпа се плашеше од Југославија што живееше не демократски, него и богато живеење. Затō што Тито беше поврзан со несврстаните земји. И несврстаните земји и мие, Тито, напраи индустрија ратна и она, ги спремаше, ги наоружуваше, им даваше оружје на онјаа, а земавме нафта бéИ тука беше цела работа, што ние многу добро живēвме – не од што работевме. Мие нé-бевме работници. Али благодарение, ти викам, на титоата политика. А сега, и тоа баш ми е криво, знǎеш, еден човек кој заслужил, сега некој барáби ќе дојдат, разумеш, како да `и наречам ја и, да се скине ова, да се скине она! Името „Тито“ , нé-знǎм што! А бе, од Тита мие постоиме као република! Тоа нé-требет да се забораит.

(Нофит Синадиноски, 1912)

 

Како што минуваа годињето, така да партизанските одреди повечко се ширеа и повечко војска имаше и така да четириесет и четврта година, како последен град се ослободи Гостивар, осумнаести ноември. Со тоа ослободување повечко ритамот на л`уѓето се измени затоа што се створи една народна влас, народни одбори, л`уѓето повечко отидоа према власта и према одборите. Тија што учествуваа во таа влас, нормално, и е зафатија таа влас во изградбата на земјата и така почна после Гостивар нагло да расте, а со това повечко се доселуваа и од албанското население во градот, барајќи ја егзистéнцијата тука, во тој град. И-тија влегоа во óдборите, фирми, така да Гостивар немаше ниедна општествена фирма. По това, повечко се одеше на едно општествени фирми. Учествуваа повечко тија л`уѓе којшто соработуваа со партизаните, тија л`уѓе и оформуваа, градеа фирми. Како прва фирма, вака, се изгради „Црвена Ѕвезда“, потоа „Ќилимарата“. По това се изгради молерска-фарбарска фирма. Потоа почнаа „Мермери“, „Јавор“ да се градат, па „Силика“, која почна да се гради во педесет и трета година, така да педесет и пета година беше пуштена во пробно производство. Па хидроелектраните, исто така, Маврово. И така дојде до подобар стандард, подобар живот и градот почна отука нагло да се ширит. Тој живот, вака, беше, мислам доста добар. Имавме, под името „братство-единство“, имавме едно поверéње со сите тија л`уѓе и што се досел`уваа во градот и што се отсел`уваа од градот. Имавме доста поверéње. Така, повечко л`уѓе од Гостивар го напуштаа градот, отидоа во Скопје, во Србија, така да од старите гостиварци којшто биле мешани тука нема ни десет насто денеска во градот, затоа што повечко се иселиле тие, барале подобра егзистенција и тамо се останати, во Југославија и Скопје повечко се отселение. Дури и тија л`уѓе што се доселија од селата, и тија л`уѓе нагло се иселиле. Денеска од староседелците на Гостивар има многу, многу мал број на л`уѓе, а исто така мал број има на Македóнци кои останаа во Гостивар. И-тија вака почнаа да се сел`ат во Скопје, барајќи една подобра егзистенција, подобар живот.

(Максим Крестески, 1931)

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 2 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 2 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 2 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 3 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 4 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 19 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 20 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 23 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена